Постојат неколку антички знаменитости во Прилеп, вклучувајќи една кај Маркови Кули, црквата „Св. Никола“ од XIII век, црквата „Св. Успение Богородично“ („Трескавец“), црквата „Св. Преображение“ и „Могилата на непобедените“, споменик во чест на жртвите од фашизмот кој се наоѓа во централниот парк на Прилеп. Познато е дека постои голема римска некропола каде се најдени голем број на ѕидини. Римски урнатини се наоѓаат и блиску до Варошкиот Манастир, изграден на стрмните падини на ридот, каде подоцна е населена средновековна заедница. Голем број на раноримски гробници, некои со скулптурни релјефи на починатите или од „тракискиот јавач“ и други споменици од официјална природа, се наоѓаат во двориштето на црквата под јужната падина наВарош. Некои од најголемите споменици биле изградени во ѕидовите на црквата.
Најважниот антички споменик е стариот град Стибера ситуиран на ридот Бедем близу Чепигово, во централниот дел наПелагонија.
Манастирот Трескавец, е изграден во XII век во планините на 10км северно од Прилеп, под Златоврв, на работ на мала висорамнина на околу 1100 метри надморска висина. Други инскрипции во Трескавец вклучуваат неколку римски творби од I век посветени на Аполон. Старата тврдина била користена од Римјаните, а подоцна Византијците. Во средновековието, Крале Маркоја обновил цитаделата, правејќи ја важна воена тврдина. Дури и Цар Самуил дошол таму по поразот на Беласица во 1014 година.
- Цркви
- Црква „Св. Благовештение“ - позната како Стара Црква;
- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - црква градена во периодот 1926-1936 ;
- Црква „Св. Преображение“ - се наоѓа во самиот центар на градот;
- Црква „Св. Петка“ - црква од поново време. Се наоѓа во населбата Точила
- Црква „Св. Троица“ - гробјаснка црква која се наоѓа се наоѓа на Песјобрдо;
- Црква „Св. Константин и Елена“ - се наоѓа во населбата Аличаир. Поставени темели во 2012;
- Црква „Св. Пантелејмон“ - се наоѓа во дворот на градската болница. Поставени темели во 2012];
- Црква „Св. Наум Охридски“ - се наоѓа покрај спортската сала „Македонија“. Поставени темели во 2012;
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - се наоѓа на три километри од Прилеп, кај месноста Kула;
- Црква „Св. Трифун“ - се наоѓа во месноста Склештен Мост и традиционално се посетува за време на закројувањето на лозјето на Трифуновден